Утрото над нас

Од далечините модри се веат
на сонцето златните далги,
од далечините модри се леат
на утрината модрите влаги.

По долги, меки ширини рамни
магла се танка крева
и по селата мали – заспали
шумоли скришно врева.

Шумоли – в срце тага налева
за црноземните робја,
шумоли скришно за мртви поља
за села и градови – гробја.

Ех, тија долги ширини рамни!
Ех, таја мака пуста!
Мртви и темни сурови гламњи
скршена гранка маслинка!

По тија пот се човечка дими
и снага крвава цвили,
по тија радост никога нема
а сонце радосно има!

Но тија росни утрини пресни
копнат во гради и тлеат.
Копнат и како бура пеат
и како огин палат.


Претходна Следна
Оваа страница е дел од
belimugri.digimak.org