Како на вратот ѓердани
Денови
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале.Денови ли се – денови
аргатски маки големи!Стани си утре порано
дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси –
ај, пуст да е, пуст да би
останал живот кучешки!Роди се човек – роб биди
роди се човек – скот умри,
скотски цел живот работи
за други туѓи имоти.За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!За себе само 'ргај си
за себе маки тргај си –
нижи си ѓердан денови
нижи си алки ковани,
нижи си синџир железен
околу вратот навезен!
Оваа страница е дел од