Натаму – в поле битолско
Балада за непознатиот
чемрее врба проклета –
под врбата незнаен гроб,
в гроб лежи војник непознат.Лежи од војна световна,
лежи – и веќе земјосал –
силна го тага изела
задека тука загинал.Никој крај него немаше –
вишното небо врз него,
земјата скришна под него –
над гробот врба стушена.А таде – в гори зелени
в шума гробишта лежеа
делии – одбор јунаци
за татковина паднати.В полноќ се над ним дрвјата
од жалба силна свиваа –
горските бистри езерца
в силна светлина светеа.И од ним – самовилите
една по една идеа –
од гроб до гроб го дигаа
јунак до јунак – на оро.И кога сите минеа
покрај врбата стушена –
делии се запираа
незнаен брат си викаа:„Ја стани, море, јабанец
на оро со самовили!
Зора се зори – петлите
скоро ќе в село пропеат!“А тој од гробот тепкаше
дума врз дума чемерна:
„Минете, браќа, врвете,
не сум ви лика – прилика!Кој умрел за татковина
и за човечки правдини –
каде вас, братко, не гинел,
со вас до векот живеел.Вие му песна пеете,
вие го с песна жалите –
така се сите раѓате
и така си умирате!А тука – зошто паднав ја?
Зошто ме куршум прониза,
зошто ме земја притисна –
за кого лудо загинав?Кажете, браќа, кажете,
кажете – па поминете –
мене ме ништо не дига
мојата смрт е карасмрт!“Делии глави веднеа,
немеа самовилите –
тешко на тија, горко им
така што гинат на војна!Немеа – туку петлите
в селото веднаш писнаа –
самовилите в горите
с делии в раци лиснаа!Пусто остана полето
пусто зазори зората –
чемрее в поле врбата,
чемрее – тажи непознат.![]()
Оваа страница е дел од